Политика за приватност
Кои податоци ги собираме, зошто ни се потребни и што можеш да направиш со нив.
Ажурирано: 2026-10-16
Што собираме
Кога создаваш профил: име, е-пошта, телефонски број и лозинка. Лозинката никогаш не се чува во читлива форма — се чува само нејзин криптографски отпечаток (scrypt), кој не може да се врати назад во оригиналната лозинка.
Кога поставуваш оглас: сè што ќе внесеш во формуларот — наслов, цена, град, категорија, опис, слики и контакт податоци.
Технички: колаче за сесија што те држи најавен, неколку колачиња за поставки и стандардни серверски записи (IP адреса, време на барање) кои нашиот хостинг ги води за безбедност.
Што е јавно
Огласот што ќе го објавиш е јавен — вклучувајќи го твоето име. Телефонскиот број на огласот е твојот потврден број и го гледаат само најавени корисници. Тоа е целата поента на оглас: купувачите да можат да те контактираат.
Твојата е-пошта НЕ е јавна и не се прикажува никаде на сајтот.
Ако не сакаш да го покажеш бројот, при објавување штиклирај „Скриј го бројот“ — тогаш купувачите ти пишуваат порака на сајтот.
Зошто ги користиме
За да работи сервисот: да ти покажеме оглас, да те најавиме, да ги поврземе твоите огласи со твојот профил.
За безбедност: да спречиме лажни огласи, спам и злоупотреба. Затоа постојат дневен лимит на огласи и пријавување огласи.
Не ги продаваме твоите податоци и не ги отстапуваме на трети страни за маркетинг.
Колку долго
Огласите остануваат додека не ги избришеш ти или додека не ги отстраниме поради прекршување на правилата.
Податоците на профилот остануваат додека профилот постои. Профилот можеш сам да го избришеш во Поставки (со код преку СМС) — тогаш ги бришеме и сите огласи, фотографии и пораки поврзани со него. Записите за платени истакнувања ги чуваме за сметководство, без твоето име.
Сесиите истекуваат по 30 дена.
Твоите права
Имаш право да побараш копија од твоите податоци, да ги исправиш, или да побараш целосно бришење на профилот.
Дел од тоа можеш да го направиш сам: уреди го или избриши го профилот во Поставки, а огласите избриши ги од Мои огласи.
За сè друго пиши на info@oglasi360.com и одговараме во разумен рок.
Е-пошта
Ти пишуваме за работи поврзани со твојот профил: потврда на е-поштата, нова лозинка, безбедносни известувања, нови пораки и прашања, промени на твоите огласи, одлуки за пријави и потврди за плаќање. Правната основа е договорот со тебе (користењето на сервисот).
Пораките за пораки, прашања и огласи можеш да ги исклучиш во Поставки → Известувања по е-пошта, или со линкот „Исклучи ги овие пораки“ на дното на секоја порака. Безбедносните пораки, потврдите за плаќање и одлуките за огласите секогаш стигнуваат.
Рекламни пораки праќаме само ако посебно се согласиш, и секогаш можеш да се одјавиш со еден клик. Имаш право во секое време да се спротивставиш на користење на твоите податоци за директен маркетинг.
Е-поштата ја праќа Resend (Resend, Inc., САД) во наше име, врз основа на договор за обработка со стандардни договорни клаузули. Чуваме запис за испратените пораки (адреса, вид, време) до 12 месеци, за безбедност и поддршка.
Кој е одговорен
Контролор на податоците е АМНОВА ДИГИТАЛ ДООЕЛ Радовиш, ул. Благој Мучето 14, 2420 Радовиш, Северна Македонија, ЕМБС 7966636, ЕДБ 4023026514902.
Контакт за сè што е поврзано со твоите податоци: info@oglasi360.com.
Колачиња
Користиме неопходно колаче за сесија, за да останеш најавен, и неколку колачиња за поставки: валутата, категориите на почетната и последната категорија што си ја пребарувал. Нема рекламни колачиња и нема следење низ други сајтови.
Темата (светла или темна) и недовршените огласи се чуваат само во твојот прелистувач.
Изборот на јазик е дел од адресата (/mk, /sq, /en), не колаче.